Кирјос воопшто не е „лошо момче“: Остава храна пред прагот на куќата за сите што немаат

Австралискиот тенисер Ник Кирјос важи за „лошото момче“ на белиот спорт. Тој редовно се кара со судиите, па дури и со противниците за време на тениските мечеви. Но, покажа дека сепак има големо срце.

Тенисерот одлучи секој ден да остава храна пред прагот на домот во Австралија за сите кои во овие тешки моменти на пандемијата од коронавирусот се гладни.

„Било кој, што не работи или останал без заработка, па не може да обезбеди храна за себе и семејството, може да се послужи. Ве молам, никако не одете гладни на спиење. Немојте да се срамите, ниту да се плашите, само испратете ми приватна порака. Ќе бидам среќен со вас да го поделам она што го имам. Храната ќе ве чека пред врата, без било какви прашања или непријатности“, напиша Ник Кирјос на Инстаграм.

Тој минатата година беше и суспендиран поради однесувањето на тенискиот терен, но стана вистински херој во Авсралија во периодот во кој беснеа пожарите.

Се вчитува...