Клоп: Му благодарам на Бог што никогаш не сум имал ваква сезона

Ливерпул не загуби уште едно дерби, но со само еден освоен бод продолжи да заостанува зад водечките тимови во Премиер-лигата. Тимот кој минатата сезона до самиот крај се бореше за четири трофеи, сега се најде во ситуација на почетокот на април да го направи невозможното и од осмото место да стигне до Топ 4 и да игра  во Лигата на шампионите следната сезона.

Затоа многумина беа изненадени кога Јирген Клоп го започна дербито со Челзи (0-0) без Салах, Арнолд, Робертсон, Гакпо… сите останаа на клупата за резервни играчи.

И тоа го направи затоа што многумина го разочараа на претходното дерби против Манчестер Сити. Тогаш Ливерпул поведе на „Етихад“, но до крајот на мечот шампионот направи пресврт и заслужено победи со 4-1..

Клоп и Ливерпул не се забавуваат оваа сезона, а на прашањето дали веќе имал ваква сезона, тој вели…

„Не, фала му на Бога. Не би бил менаџер на Ливерпул доколку имам неколку вакви сезони. Но, ние мора да поминеме низ тоа. Тоа е живот. Мора да се борите да ја промените вашата среќа“, изјави Клоп. 

Се вчитува...