Клоп: Штета, помошникот реши да биде центар на внимание

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше бесен на одлуките на помошниот судија на дербито со Тотенхем, на која гостите добија два пенали на подарок по две крајно сомнителни ситуации.

„Што да се каже, ова беше одличен дуел на две врвни екипи кои сторија се за да победат. Штета што помошниот судија реши да биде центар на внимание, што апсолутно не треба да биде случај. Првиот пенал – очигледен офсајд на Хари Кејн што тој мора да го види, но сепак решава да молчи и пеналот да остане. Потоа вториот – има контакт, но веднаш се гледа дека Ламела инсистира на тој минимален контакт. Какви стартови имаше во првото полувреме без ниту прекршок за нас, а сега – пенал по сугестија на помошникот. Тешко е да се прифатат сите овие одлуки, но тоа е што е – одиме понатаму“ – изјави Клоп.

Ливерпул со ова реми ја задржа предноста од два бода во однос на Тотенхем во битка за место во ЛШ. „Црвените“ моментно се третопласирани со 51 бод, еден повеќе од Челси, но „сините“ утре го играат својот меч од 26. коло, на гостински терен против Ватфорд.

Се вчитува...