Кокшаров треба да одмора играчи, но Вардар ќе бара победа против Мотор

Меѓу двете тешки пресметки со Киелце во Лигата од ракометните шампиони, Вардар има и обврска во СЕХА лигата. В среда во Скопје гостува Мотор Запрожје во дуел од седмото коло во регионалното натпреварување. Во пресрет на дуелот, Вардар и Мотор со по 15 бода и идентичен биланс од пет победи и еден пораз се на двете водечки место во групата. Единствениот проаз на Вардар во СЕХА лигата сезонава е токму од гостувањето кај Мотор.

„Ниту ние ниту Мотор нема да бидеме комплетни. На некои играчи ќе им дадеме шанса да одморат по тешкиот дуел против Келце. Ова не значи дека ќе бидеме опуштени. Одиме на победа и за нас три бода се важни и на овој дуел како и на секој друг. Не можеме да зборуваме многу за тоа кој би играл в среда и колку би играл. Имаме повредени и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Јас сум многу задоволен од тоа како играат крилата како бекови, но би бил уште позадоволен кога би биле комплетни“ – вели во пресрет на натпреварот, тренерот Едуард Кокшаров.

И капитенот на Вардар, Столе Стоилов се согласува дека дел од играчите треба да добијат одмор со оглед на исцрпувачкиот ритам во кој се оние играчи кои мораа да покриваат за повредените.

„Играчите се изморени по тешките натпревари одиграни во досегашниот дел од сезоната. Во саботата дуелот со киелце беше исцрпувачки. Многу играчи го носат товар цела сезона и мислам дека сега може да се калкулира и тие да се одморат. Одиме на победа играме дома и тоа е секако наша шанса за да дојдеме до победа“ – вели Стоилов.

Се вчитува...