Колку е реално: Мбапе постави пет услови за да остане во ПСЖ

За ПСЖ продолжување на договорот со Килијан Мбапе е пиоритет, парите воопшто не се проблем, францускиот клуб за „иднината“ на клубот е спремен да плати и 50 милиони евра, но за да го осигура потписот на Французинот, клубот ќе мора да исполни пет други услови, кои не се поврзани со пари.

Првиот и основниот е амбицијата. Младиот Французин нема да се задоволи само со освојување на титули во домашното првенство, желбата е Лигата на Шампиони, за што Мбапе бара гаранција дека тимот ќе биде доволно добар за секоја година да биде во конкуренција за најголемиот трофеј.

Вториот е во врска со тренерот. Мбапе не е задоволен од играта која ја применува Тухел, но не е и играч кој би правел проблеми во соблекувалната. Сепак 21-годишникот не сака да седи на клупата за резерви и повторно да ја пропушти шансата за освојување на „Златна копачка“. Оваа желба на Французинот е најлесна за остварување, бидејќи германскиот тренер и нема голема шанса за продолжување на соработката со клубот од „Паркот на принцовите“.

Третиот е поврзан во вториот. Кај новиот тренер, Мбапе сака да биде главен играч, а не Нејмар, како што е сега случајот.

Четвртиот услов е домашните играчи. Французинот верува на своите и верува дека доведувањето на играчи како Камавига, Ауар и Погба би значеле многу за ПСЖ и амбициите на клубот.

Петиот е поврзан со маркетинг. Мбапе сака да ужива макетиншки права, слични на оние кои ги има Меси во Барселона, и поголем процент на заработка од истите.

Дали парижаните ќе ги исполнат условите на младиот играч останува да видиме. Како што пренесуваат француските медиуми, ова не е време за рекордни трансфери, поготово со фактот дека Мбапе има уште година дена од својот договор со ПСЖ. И да си замине од „Паркот на принцевите“ како слободен играч, ретко кој клуб би можел да издвои средства за платата која ја посакува 21-годишникот.

Се вчитува...