Конте на „тенок мраз“ во Челси, ќе се врати ли пак Карло Анчелоти?

Англискиот првак Челси доживеа срамен пораз (0-3) на „Стемфорд бриџ“, а тоа уште повеќе ги разниша позициите на менаџерот Антонио Конте. Тој уште од стартот на сезоната има одредени несогласувања со раководството на клубот околу изборот на нови засилувања, а овој пораз го алармираше и сопственикот Роман Абрамович, кој веќе почнал да размислува за негов наследник.

Прва опција е повторно Италијанец, Карло Анчелоти, кој во моментов е без ангажман, а веќе има искуство на „Стемфорд бриџ“. Доколку Конте не успее веднаш да го врати победничкиот ритам, би можел да добие отказ веќе следната седмица, а Анчелоти да дојде и да го предводи тимот во битката за пласман во Лигата на шампионите. Раководството наводно тоа веќе и му го соопштило на актуелниот менаџер.

Конте веќе подолго време е во „војна“ со клупските директори поради неисполнетите ветувања за нови фудбалери, во јануари не му беше исполнета ниту желбата за доаѓање на Един Џеко на „Стемфорд бриџ“, па јасно е дека заминувањето на трофејниот стратег од клупата на Челси е се пореално.

Се вчитува...