Копа дел Реј: Димитриевски и Рајо ја пречекуваат Барселона, Леванте со Валјадолид, сензацијата Алкојано против Атлетик Билбао

Репрезентативецот на Македонија, Столе Димитриевски со својот Рајо Валјекано ќе ја пречека Барселона во осминафиналето на Копа дел Реј, одлучи денешната ждрепка. Леванте на Енис Барди во осминафиналето за противник ќе го има Реал Валјадолид.

Сензацијата Алкојано кој во претходната фаза го елиминираше Реал Мадрид ќе игра против Атлетик Билбао, а од поинтересните двојки ги издвојуваме и Бетис – Сосиедад и Севилја – Валенсија.

Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 26, 27 и 28 декември.

 

Се вчитува...