Коронавирус во германската репрезентација, пет репрезентативци во карантин

Тестовите кои биле направени вчера во германската репрезентација, детектирале еден играч позитивен на коронавирусот. Како што соопштуваат од германската репрезентација, играчот е целосно вакциниран и моментално без симптоми, по што веднаш бил изолиран.

По инструкции од здравствените власти и епидемиолошката анкета, уште четири играчи биле ставени во карантин во Волфсбург, каде што беше собирот на германскиот национален тим.

Сите други играчи се негативни на тестот, и течат подготвките за мундијалските квалификации.

„Бројот на заразени повторно се зголеми на национално ниво. Доследно ги спроведуваме правилата за дезинфекција и мораме да бидеме одговорни. Оваа вест е непријатна пред последните два натпревари. Но, здравјето е на прво место. Му посакувам на играчот брзо да закрепне и да остане без симптоми“, рече директорот на репрезентацијата Оливер Бироф.

Билд открива дека позитивен на тестот бил Никлас Зиле. Веднаш биле повикани Максимилијан Арнолд и Ридле Баку во националниот тим. Двајцата играат за Волфсбург.

Германија веќе е пласирана на Мундијалот, и последните два меча за нив ќе бидат само формалност. Играт со Лихтенштајн дома и Ерменија на гости.

Се вчитува...