Коронавирусот одлага нов меч во мак-баскетот

Кошаркарското првенство на Македонија треба да продолжи следниот викенд, но ниту наредното коло нема да биде комплетно. МЗТ Скопје ќе побара одлагање на натпреварот со Академија ФМП откако во редовите на актуелниот шампион се појавија нови случаи на коронавирус.

Станува збор за двајца кошаркари, како и двајца членови на стручиот штаб на „металците“, кои веќе неколку дена се во самоизолација.

„Не постојат услови за одигрување на следниот натпревар бидејќи повторно имаме позитивни играчи во нашите редови. Ќе поднесеме барање за одлагање на мечот со ФМП и очекуваме истото да биде прифатено“, истакнуваат од раководството на МЗТ Скопје.

Се вчитува...