Koшаркарите до 17 години поразени од Романија на стартот на „Rising Stars“

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години претрпе пораз од Романија со резултат 68-81 во својот прв натпревар на турнирот во Букурешт.

Во поголемиот дел од средбата се водеше изедначена битка во која двете селекции наизменично го преземаа водството. Клучниот момент се случи во последната четвртина. По одличниот старт на последниот период, нашите кошаркари за само една минута направија серија од шест поени и го израмнија резултатот на 61-61.

Сепак, следуваше голем пад во играта на македонските репрезентативци, кои повеќе од пет минути останаа без постигнат поен. Домаќинот Романија максимално ја искористи оваа криза, направи серија од 10-0 и се одлепи на недостижни 71-61, што се покажа како пресудно за конечниот епилог.

Најефикасен во македонскиот табор беше Ѓиноски со 14 поени, шест асистенции и пет скока. Сотир и Коневски постигнаа по 10 поени, додека Рајковски ја заврши средбата со девет реализирани поени. Следниот предизвик за избраниците на селекторот е утре, кога со почеток од 13:30 часот по локално време, Македонија ќе ги одмери силите против соодветната селекција на Грција.

Се вчитува...