Коцев официјално промовиран во Каспиј Актау (ФОТО)

Досегашниот фудбалер на штипска Брегалница, Стефан Коцев и официјално промовиран во дресот на казакхстанскиот суперлигаш Каспиј Актау.

Казахстанците денеска официјално потврдија дека е потпишан договор со македонскиот десен бек за продолжението од шампионатот.

Коцев, кој потекнува од младинската школа на Брегалница, претходно во својата кариера има настапи и за кратовски Силекс на домашната сцена, како и за косовска Лирија и грчкиот Енози. Штипјани на почетокот од зимскиот преоден рок на десната бековска позиција го ангажираа и младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, кој е повратник во клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caspiy Football Club (@caspiy_fc)

Се вчитува...