Кожуф триумфално против ФМП за чекор поблиску кон опстанокот во елитата

Во првиот натпревар од 4. коло од Плеј-аут лигата во Првата македонска кошаркарска лига, Кожув славеше со 68-74 на гостувањето против Академија ФМП во Скопје.

Во главно израмнет натпревар гевгеличани до победата дојдоа со посигурна игра во последниот период кога се создаде клучната разлика за триумф.

По три четвртини резултатот беше 50-50, за да Кожуф во последниот период создаде предност за победа и доближување до целта за сезонава, опстанок во елитното друштво.

Одлична партија пружи Aнрух со 45 поени постигнати поени кај гостите, додека во поразениот тим Бакоч заврши со 14 поени.

Се вчитува...