Крај на дилемите – Ауар останува во Лион

Хусем Ауар во текот на целиот преоден рок беше поврзуван со неколку европски гиганти, но францускиот репрезентативец сепак ќе остане во Лион и во текот на оваа натпреварувачка сезона. Францускиот клуб во изминатите месеци преговараше со Јувентус, Арсенал, Баерн Минхен и со ПСЖ, но ниту еден од овие тимови не ги задоволи финансиските барања на претседателот Жан-Мишел Ола.

Во таква ситуација, Лион претпладнево реши на два дена пред истекот на преодниот рок да ги разреши дилемите, објавувајќи дека Ауар нема да си замине бидејќи нема доволно време за да се доведе адекватна замена. Попладнево на состанок истото му било соопштено и на самиот фудбалер, кој без проблем ја прифатил одлуката на челниците на Лион.

Останува да се види дали во Лион ќе остане и Мемфис Депај за кого ситуацијата е покомпликувана бидејќи Холанѓанецот има само уште една година од договорот и ако сега не биде продаден следното лето би можел да си замине без никаква отштета од„Жерлан“.

Се вчитува...