„Кралевите“ во два дена го решија и вториот грчки тим во Евролигата

Откако пред два дена славеше над Олимпијакос со 71-77, вечерва во 13. коло од Евролигата, Реал Мадрид го реши во Атина и вториот грчки тим во Евролигата.

„Кралевите“ денеска во Атина славеа над Панатинаикос со 78-90, запишувајќи ја својата 12-та победа во најквалитетното европско клупско натпреварување, наспроти и само еден пораз низ досегашниот тек.

Реал Мадрид клучот до победата го откри во третата четвртина која ја доби со 10-26, откако првото полувреме помина максимално израмнето. Но, со предноста на гостите од третата четвртина, Панатинаикос веќе не можеше да се врати во игра во последниот период, за конечна победа на Реал од 78-90.

Марио Хезоња со 19 поени беше најефикасен кај Реал, а Габриел Дек мечот го заврши со 16 поени. Кај Грците, Кендрик Нан постигна 24 поени.

Анадолу Ефес триумфираше на гостувањето против Алба Берлин со 89-97.

Се вчитува...