Куманово со триумф над Работнички, Ангели со петта победа во низа

Денешната програма од 9. коло од плеј-аутот на македонската кошаркарска лига беше заокружено со уште два натпревари. Куманово на домашен терен издвои победа над Работнички од 107-79, додека тимот на Ангели во Скопје славеше победа над МЗТ Скопје 2 од 94-82.

Во Куманово беше одигран ефикасен натпревар со многу акции и поени, гостите во првиот период поведоа со минимална разлика од 27-29. Сепак, вториот период припадна во целост на Куманово, домаќините одиграа одличен напад и супер добра одбрана, а ваквиот пристап кон играта им донесе предност од 59-46.

Вториот дел од овој меч припадна во целосна доминација на Куманово, домаќините влегоа во серија и направија сериозна предност во третиот период, 24-16. Кумановци со ваквиот победнички ритам продолжија до крајот на мечот за нова победа во домашното првенство.

Ненад Зивчевиќ со 34 поени се истакна кај домаќините, Работнички го предводеше Стефан Балмазовиќ со 12 поени.

Клубот на Ангели супериорно го стартуваше натпреварот против МЗТ Скопје 2. Домаќините очигледно доцна се разбудија од „зимскиот сон“ во сезонава, па запишаа нова по ред, петта победа во македонската кошаркарска лига. Ангели одиграа одличен прв период од 27-13 и изедначен втор период од 24-24, солидна предност од 51-37 со која заминаа на пауза.

Домаќините во вториот дел играа кош за кош, па со рутинска игра ја искористија предноста од првото полувреме за нова „пирова“ победа во македонската кошаркарска лига.

Тимот на Ангели го водеше Грифин Раме со 17 поени, додека кај гостите се истакна Максим Митевски со 23 поени.

Се вчитува...