Квалификации за СП: Халанд и Мбапе без гол, Трајковски веќе постигна три (ФОТО)

Првиот цикус на квалификациите за Светското првенство 2022 година донесе очекувани победи на фаворити, но и неколку сензации каде во преден план останува победа на Македонија на гостувањето во Дуисбург против Германија со 2-1.

Еден интересен факт кој се врти во светските медиуми е „постот“ на „џудата од деца“ и воедно фудбалерите од кои се очекува да ги наследат великаните Роналдо и Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, кои сеуште ја немаат затресено мрежата на дуелите на своите нации.

Имено, Халанд не успеа да постигне погодок во мечевите на Норвешка против Гибрилтар, Турција и Црна Гора, додека Мбапе не успеа да ја затресе мрежата против Украина, Казакстан и Босна и Херцеговина. За разлика од нив нашиот Александар Трајковски веќе „нанижа“ три гола, со кои е изедначен на третото место на листата на стрелци во првите три меча.

Се вчитува...