Кварацхелија: Ми се остварија соништата, играм во ЛШ и давам голови

Играчот на Наполи, Квича Кварацхелија има одлична сезона во својата прва сезона во италијанскиот тим. Дава голови, асистира, Наполи е на врвот во Серија „А“, а освои и девет бодови во три меча во ЛШ. Вчера Наполи го „згази“ Ајакс со 1-6.

Грузиецот веднаш се наметна пред нашиот Елиф Елмас во тимот на Наполи. Кажа дека му се исполнил сонот да игра и дава голови во ЛШ.

„Мислам дека моите соништа се остварија. Играм во Лигата на шампионите и давам голови. Многу сум среќен, но најважно е што тимот победува. Ајакс не одигра добро, иако го респектирам и сметам дека е добар тим со добри играчи. Треба да продолжат да се борат“, рече Кварацхелија. 

Се вчитува...