Лајпциг не се предава за ЛШ: Триумф над Херта во Берлин

Екипата на Лајпциг не се предава да стигне до местата кои носат во Лигата на шампионите следната сезона. Со единствениот гол на Хајдара, Лајпциг успеа да победи во Берлин над Херта и така да остане во игра за третото или четвртото место идната сезона, особено после поразите на Фрајбург и на Унион денеска.

Хајдара ја донесе победата со гол во 40. минута. Победа со која Лајпциг се искачи на четвртото место на табелата и во добра позиција да обезбеди пласман во елитното друштво.

Херта, пак, со овој пораз си ги намалува шансите за директен опстанок.

Се вчитува...