Лајпциг остана без тренер, се раздели со Марш

Вчера раководството на Лајпциг одржа состанок на кој главна тема беше иднината на тренерот Џеси Марш, со што е одлучено да дојде до разделба. Така со заеднички договор на двете страни, е прекината соработката.

Марш дојде на почетокот на сезоната на местото на Јулијан Нагелсман. Но, тимот се наоѓа на 11. место на табелата, наместо да се бори за врвот. Сепак, вината за овие слаби резултати треба да се бара во фактот што тимот во последните две сезони загуби многу важни играчи како Вернер минатата сезона, а оваа си заминаа и Упамекано, Конате, Сабицер…

За наследнит на Марш се споменуваат Доменико Тедеско кој работеше во Спартак Москва и Шалке, како и поранешниот тренер на Баер Леверкузен, а сегашен на ПСВ, Роџер Шмит.

Се вчитува...