Лајпциг преговара со тренерот кој ја „воскресна“ Борусија Д.

Екипата на Лајпциг остана без тренер откако во неделата ја прекина соработката со Џеси Марш, по слабиот старт во Буднеслигата. Се споменуваат неколку имиња за нов тренер, меѓу нив и Џакомо Тедеско и Роџер Шмид, а денеска се појави информација дека е Един Терзиќ е еден од кандидатите, па дури избива и во преден план.

Терзиќ е познат по работата со младите категории во Борусија Дортмунд, а лани му беше помошник на Лусен Фавре на клупата на „милионерите“. Откако Фавре доби отказ, тој ја доби улогата за нов тренер, и практично ја „воскресна“ Борусија. Од позиција на пето место и да „виси“ Лигата на шампионите, на крајот Терзиќ со серија од неколку победи дојде до третото место, нов излез во Лигата на шампионите, а го освои и Купот победувајќи го во финалето токму Лајпциг на тогашниот тренер Јулијан Нагелсман.

Но, со оглед дека Борусија веќе имаше договорено со Марко Розе, Терзиќ остана во Борусија како технички директор. Терзиќ во минатото беше поврзуван и со клупата на Херта и на Ајнтрахт Франкфурт, но на крајот се реши да остане во Дортмунд. Можеби добра понуда од Лајпциг ќе го премисли повторно да се зафати со тренерската работа.

Се вчитува...