Лајпциг заборави како се победува на гостински терен

Резултатската криза на Лајпциг уште повеќе се продлабочи откако оваа екипа вечерва загуби со 2-1 на гостувањето против Унион Берлин. Со тоа продолжи црната серија на Лајпциг кога станува збор за бундеслигашките гостувања, на кои од шест обиди нема забележано ниту една победа.

Авонији во седмата минута донесе огромна радост меѓу домашните навивачи на стадионот во Берлин, но само шест минути подоцна Нкунку го израмни резултатот.

Лајпциг не искористи неколку убави шанси за втор погодок, за конечните 2-1 во вториот дел да ги постави Баумгартл, кој се најде на вистинското место по една мешаница во гостинскиот шеснаесетник и од непосредна близина го совлада Гулаши.

Унион Берлин со овој триумф се искачи на четвртата позиција, додека Лајпциг остана на осмото место, со опасност да падне на табелата по комплетирањето на ова 14. коло.

Се вчитува...