Лацио го добива Запакоста на заем, го сонува Малком од Барселона

Италијанскиот калчолигаш Лацио ќе се обиде да го засили тимот со две квалитетни имиња во зимскиот преоден рок. Многу поизгледна е опцијата за засилување на одбраната. На прагот на „Олимпико“ е Давиде Запакоста, италијанскиот репрезентативец кој би дошол од Челси како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот за 15 милиони евра.

Покрај дефанзивниот ред, „лацијалите“ посакуваат нов фудбалер и во навалната линија. Голема желба на тренерот Симоне Инзаги е Бразилецот Малком од Барселона. Раководството на клубот исто така ќе се обиде да го доведе на заем во наредните шест месеци. Сепак, тоа нема да биде нималку лесна мисија, затоа што Малком беше речиси договорен да пристигне во Рома, но во последен момент потпиша за Барселона. Сега тпој уште повеќе би ги налутил „романистите“ доколку го облече дресот на Лацио.

Се вчитува...