Лацио попушти: Милинковиќ-Савиќ веќе договорен со Милан!

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ од јануари треба да ги засили редовите на Милан. Оваа информација ја пренесуваат реномираните италијански медиуми кои тврдат дека фудбалерот на Лацио веќе се договорил со Милан, а официјалната промоција треба да биде веднаш по новогодишните празници.

Лацио изминатово лето одби повеќе понуди за Милинковиќ-Савиќ повисоки и од 100 милиони евра, но сега, како што се тврди, и дефинитивно попушти пред „притисокот“ на Милан. Со тоа што, по далеку послабата полусезона, сега неговата цена е далеку пониска.

Како што тврди истакнатиот италијански новинар, Мели, близок до претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, Сергеј на „Сан Сиро“ ќе се пресели за сума од 70 милиони евра, што е многу помалку од она што Лацио го бараше летово.

Се вчитува...