Легендарниот Хрват Марио Манџукиќ ги „закачи копачките“ (ФОТО)

Легендата на хрватскиот фудбал, Марио Манџукиќ на 35-годишна возраст стави крај на блескавата кариера кој ја започна во 2004 година во Марсониа. Година дена подоцна следеше трансфер во редовите на Загреб за по две сезони да го облече и дресот на Динамо од главниот град на Хрватска.

Покрај хрватското првенство, Манџукиќ ги бранеше и боите на европските великани како Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Јувентус и Милан, а покрај нив постигнуваше и голови за Волфсбург и Ал Духали.

Во богатата кариера одигра 508 лигашки натпревари, постигна 197 гола, а 84 пати асистираше до своите соиграчи. За хрватската репрезентација одигра 89 натпревари, а за „коцкестите“ постигна 89 гола и 9 асистенции.

Освои три лигашки и два купа во хрватското првенство, два пати ја освојуваше и Бундеслигата и Купот на Германија, а со „баварците“ стигна и до трофеј во Лигата на Шампионите.

Еднаш го подигна Суперкупот на Шпанија, освои и четири титули во Серија А, како и три Купа на Италија и еден Суперкуп на „чизмата“. Покрај тоа го освои и катарското првенство, а во 2018 година беше вицешампион на Светското првенство со Хрватска.

Се вчитува...