Новиот прволигаш Беса има сериозни амбиции во својата прва прволигашка сезона. Во тимот од Добридол пристигнаа веќе проверени имиња како Костадин Захов, Горан Силјановски и Меџит Незири.
Денеска тимот на Беса го промовираше своето прво странско засилување. Станува збор за играчот од одбраната, Адем Драгановиќ. Овој играч доаѓа од германскиот тим Рехден, каде настапуваше во изминатиот период. Има искуство со играње и во Австрија и во Швајцарија.
Драгановиќ исто така може да нстапува и во дефанзивниот дел на средниот ред, и како лев бек со оглед дека игра со левата нога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА