Лесни три за Шкендија против Победа, за +14 пред Вардар

Шкендија запиша лесна победа од 3-0 (2-0) во домашниот шампионат славејќи против прилепска Победа во првиот меч од 22. коло од ПМФЛ.

Уште во 10. минута со голот на Марјан Радески тетовци поведоа со 1-0 најавувајќи го освојувањето на лесните три бода…

А, за 2-0 се погрижи Изаир Емини со убав погодок по соло продор во 36. минута од средбата.

Репрезентативецот Висар Муслиу го постигна својот прв гол во дресот на Шкендија, по зимското доаѓање од Вардар, стрелајќи за водство од 3-0 од непосредна близина во 47. минута по акцијата на Бесарт Ибраими.

Шкендија имаше можност за водство и од 4-0, но Ибраими промаши пенал во 51. минута од средбата. Ова е втор едноподруго не реализиран пенал за Ибраими кој утна од 11 метри и во пресметката со Академија Пандев минатата недела.

По овој триумф, Шкендија е на првото место на табелата со +14 бода во однос на второпласираниот Вардар, кого утре на „Филип Втори“ го очекува дуел со Силекс.

Се вчитува...