Лев објави: Тер Штеген ќе брани против Македонија

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, ќе стартува на голот на германската репрезентација на утрешниот дуел со Македонија.

Селекторот Јоаким Лев на денешната прес-конференција најави дека нема да направи премногу промени во тимот во однос на претходните средби со Исланд и со Романија, но дека Тер Штеген ќе добие шанса од првата минута на мечот со Дуизбург.

„Ќе продолжиме со речиси истиот тим од претходните средби. Една работа е сигурна, Тер Штеген ќе се најде на голот против Македонија. Медицинскиот тим изврши контрола врз сите фудбалери, Робин Госенс тренираше со полна пареа и ќе биде во комбинација за настап“, истакна Лев.

Се вчитува...