Лев размислува за враќање во фудбалот

Откако ја напушти германската репрезентација по неуспехот на ЕВРО 2020 и елиминацијата од Англија во 1/8 финалето, селекторот Јоаким Лев размислува да му се врати на фудбалот. Лев на Фондацијата „Матијас Гинтер“ зборуваше кога ќе се врати на својата работа.

„Имав понуди од време на време. Бев јасен дека не сакам ништо да правам во првите шест месеци откако си заминав од кормилото на Германија. Следната година ќе видиме. Ќе разговарам доколку добијам некоја интересна понуеда“, рече Лев и додаде дека ужива во одморот.

„По ЕВРО сакав да одморам. Малку по малку наоѓам мотивација за фудбал, а инаку уживам во одморот“, рече Лев.

Се вчитува...