Левандовски се враќа во Минхен: Салихамиџиќ откри каков пречек би му приредил на Полјакот

Роберт Левандовски со Барселона во вторник се враќа на „Алијанц Арената“ во Минхен каде помина осум неверојатни години. Полјакот сепак нема да биде пречекан како „херој“ откако ова лето на секој начин се обиде да издејствува трансфер во каталонскиот гигант, притоа нарушувајќи ги односите со навивачите на Баерн Минхен.

На темата каков „камбек“ ќе дочека играчот кој одигра 375 натпревари во дресот на „баварците“, а притоа постигна 344 гола говореше спортскиот директор на Баерн Минхем, Хасам Салихамиџиќ.

„Како ќе биде дочекан Левандовски? Роберт освои се што можеше да се освои со нас. Навивачите ќе го ценат тоа. Јас не би го исвиркал“, вели Салихамиџиќ.

Се вчитува...