Леверкузен ја продолжи трката со Баерн и Борусија

Баер Леверкузен стигна до седмата победа во Бундеслигата откако славеше со 1-3 на гостувањето кај Лајпциг. Со головите на Виртц и Диаби гостите имаа предност од 0-2 на полувремето, а откако Силва ја намали негативата на 1-2 во 68. минута, победата ја потврди Фримпонг две минути подоцна.

Со новата победа Леверкузен остана на третата позиција на табелата и во игра за висок пласман откако го освои и 24. бод. За разлика од нив, Лајпциг пак го забележа и вториот пораз во низа кој ги смести на осмото место со 18 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...