Лил преку Нант до врвот на табелата во Лига 1 (ВИДЕО)

Лил го совлада Нант со 2-0 во првиот натпревар од 5. коло во француската Лига 1. Во првиот дел домаќините стигнаа до предност откаково 43. минута централниот дефанзивец на Нант, Никола Палос постигна автогол. Конечните 2-0 ги постави Бурак Јилмаз од пенал во 85. минута.

До крајот мируваа мрежите, што значеше дека Лил дојде до нови три бода сезонава. Со оваа победа Лил изби на првата позиција на првенствената табела со 11 бода, односно еден повеќе од Сент Етјен и Рен, но и натпревар повеќе. Нант е четиринаесетти со 5 бода.

 

Lille 1-0 Nantes – Pallois (OG) 43′ from r/soccer

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...