Лина поразена во финалето: Не успеа до титулата во Словачка

Најдобрата македонска тенисерка не успеа да ја освои титулата на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Трнава, Словачка, откако загуби во финалната пресметка од Русинката Софија Лансаре.

По претходно одлични четири победи на турнирот, Ѓорческа во финалето загуби од Лансаре во два сета, со 2-6,3-6.

Претходно освен победата против Русинката Ковал во полуфиналето, нашата тенисерка забележа победи и против Јани од Унгарија (6-3, 6-1), Морвајова од Словачка (5-7, 6-4, 6-4) и Романката Каданту (6-3, 6-2).

Ѓорческа во моментов е на 400. место на ВТА ранг листата во сингл конкуренција, а во конкуренција на двојки е на 211-та позиција.

Се вчитува...