Литванец го урна рекордот на Владо Илиевски после 26 години

Младинскиот репрезентативец на Литванија, Мантас Јузенас постави нов рекорд по бројот на постигнати поени на У20 европските првенства, откако во победата на неговата селекција против Полска 112-67, тој постигна 46 поени.

Јузенас стигна до овој подвиг за само 25 минути игра, откако погоди седум тројки, шутираше 11 од 13 за два поени, и 3/3 од линијата за слободни фрлања. Со тоа го собори рекордот на Владо Илиевски кој во 2000 година постигна 45 поени, на Европското првенство кое се одржа во Охрид.

Исто така постиви и рекорд по остварен индекс на натпревар од Европското првенство во младинска конкуренција. Освен 46 поени, придонесе со уште 12 скока и пет асистенции, што е со индекс 55 и го симно од врвот поранешниот украински репрезентативец Серхиј Лишчук од 2002 година кога имаше индекс 49.

Се вчитува...