Откако Кристал Палас го блокираше договорот во последен момент, Ливерпул се откажа и нема да направи друг потег за Марко Гехи во зима.
Неговиот трансфер беше завршена работа, Ливерпул ја испрати понудата што ја бараше Палас, од 42.000.000 евра, додавајќи 10% од следната продажба по пат.
Сепак, откако Палас не успеа да донесе соодветна замена на последниот ден од преодниот рок, овој трансфер пропадна.
Доверливиот човек Пол Џојс денес откри дека Ливерпул нема намера повторно да седне на преговарачка маса со Палас, но ќе почека до следното лето за да го доведе англискиот репрезентативец без обештетување.
Флорентино Перез направи слично нешто во преговорите со Ливерпул, кој одби да го продаде Трент Александар-Арнолд. Реал на крајот почека да му истече договорот и го доведе како слободен агент ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

