Новото засилување на Челси, Лиам Делап ќе мора да паузира од 10 до 12 недели, соопшти менаџерот на клубот Енцо Мареска. Англискиот репрезентативец заработи повреда поради која „сините“ мораа да го враќаат Марк Гиу кој беше испратен на позајмица, за да го пополни неговото место.
Тоа значи дека Делап ќе биде на располагање на лондонскиот клуб дури идната година, односно на почетокот на 2026 година, ако рехабилитацијата оди според планот.
„Делап ќе мора да паузира 10 до 12 недели“, изјави Мареска.
Челси, кој е еден од претендите за висок пласман сезонава, во нападот го ангажираше и Жоао Педро, кој веројатно ќе биде првиот избор на Мареска во овој шампионат, во битката за титулата во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

