ЛШ: Елмас и Наполи со „два од два“, Јуве „треснат“ и од Бенфика, победи за „кралевите“, Сити и ПСЖ (ВИДЕО)

Италијанскиот Наполи на нашиот Елјиф Елмас стигна и до втората победа сезонава во Лигата на Европа, откако триумфираше со 0-2 на секогаш тешкото гостување кај шкотскиот Глазгов Ренџерс.

Политано во 68. минута од пенал донесе водство од 0-1 за „наполитанците“. На 0-2 зголеми Распадори во 85. минута, додека конечните 0-3 ги постави Ндомбеле во 91. минута. За издвојување од натпреварот е и промашениот пенал на Зјелински во 59. минута, како и црвениот картон на фудбалерот на домаќините Сандс во 58. минута. Елмас доби шанса во 90. минута од натпреварот. До победа од 2-0 стигна и Реал Мадрид над Лајпциг.

Јувентус доживеа нов шок откако загуби на домашен терен од Бенфика со 1-2. „Старата дама“ стигна до брзо водство со голот на Милик уште во 4. минута, но Португалците со погодоците на Жоао Марио од пенал и Нерес стигнаа до големи три бода.

Пари Сен Жермен на крилата на Меси, Нејмар и Мбапе стигна до тешка победа на гостувањето кај Макаби Хаифа од 1-3. До пресврт победа стигна и Манчестер сити кој иако имаше негатива од 0-1 на крајот триуфмираше против Борусија Дортмунд со 2-1.

Челси одигра реми 1-1 против Салцбург на домашен терен, додека Севилја и Копенхаген одиграа без голови 0-0.

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2. КОЛО РЕЗУЛТАТИ: 

Челси – Салцбург 1-1 

Копенхаген – Севилја  0-0 

Јувентус – Бенфика 1-2

Макаби – ПСЖ  1-3 

Манчестер С. – Борусија Д. 2-1 

Ренџерс – Наполи  0-3 

Реал М. – Лајпциг  2-0 

 

Се вчитува...