ЛШ полувреме: Интер води против Барселона, Наполи направи пресврт во Амстердам

Во натпревар во кој зависи иднината на Симоне Инзаги, Интер поведе пред крајот на полувремето против Барселона. Чалханоглу во втората минута од судиското надополнување донесе предност за „нероазурите“.

Најубедливо водство на полувремето има Наполи, кој води 1-3 на гости кај Ајакс. Ајакс поведе со голот на Кудус, а Распадори, Ди Лоренцо и Зелински донесоа пресврт.

Порто и Леверкузен играат интересен меч на кој нема голови. Порто постигна гол, но беше поништен, а во исто време досуден пенал за Баер Леверкузен, но Шик не успеа да го реализира.

Ливерпул со прекрасниот гол на Трент Александар-Арнолд води против Ренџерс, а води и Бриж со Атлетико Мадрид. Нема голови и на мечот Ајнтрахт – Тотенхем.

Се вчитува...