ЛШ, ПОЛУВРЕМЕ: „Кралевите“ губат во Лајпциг, Милан води на „Максимир“

Реал Мадрид без неколкумина играчи, губи од Лајпциг со 2-1 на полувремето. „Кралевите“ се веќе пласирани во следната фаза, па на овој меч може да си дозволат да играат и без неколкумина играчи, а Анчелоти не смета на повредените Модриќ и Бензема.

Гвардиол во 3. минута и Нкунку во 8. донесоа брзо водство од 2-0, а Винициус во 44. минута намали.

Милан со голот на Габија води во Загреб кај Динамо, а ПСЖ има водство од 4-1 над Макаби Хаифа. Меси со два гола, Мбапе и Нејмар го „решија“ израелскиот тим уште по првиот дел.

Борусија Дортмунд пропушти неколку шанси за водство против Сити, па така игра само без голови. Бенфика води против Јувентус со 3-1. Селтик има предност од 1-0 над Шахтјор.

Се вчитува...