ЛШ СОСТАВИ: Барса го напаѓа Интер со Левандовски, Рафиња и Дембеле, Елмас на клупа во Амстердам

Барселона ќе се обиде да дојде до вториот триумф во Лигата на шампионите против Интер на „Џузепе Меаца, и во таа мисија тргнува со најсилното „трио“ во моментов, односно со Левандовски – Дембеле и Рафиња. Ансу Фати ќе чека шанса од клупата, а тренерот Чави не може да смета на Де Јонг, Араухо, Депај, Белерин и Кунде.

Од друга страна Симоне Инзаги ќе се „спасува“ со Бастони, Де Фрај и Шкрињар во одбрана, додека во нападот ќе делува со Лаутаро Мартинез и Кореа. Во таборот на „нероазурите“ ќе ги нема Лукаку и Брозовиќ кои се повредени.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе чека шанса од клупата за резерви за Наполи во дуелот против Ајакс во Амстердам.

Се вчитува...