ЛШ СОСТАВИ: Пеп без Едерсон и Де Брујне но со Халанд во Дортмунд

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола со неколку измени стартува вечерва на „Вестфален“ во Дортмунд. На голот го нема Едерсон, на негово место ќе брани Ортега. Исто така изненадување е оставањето на клупа на Кевин Де Брујне, но во нападот е Ерлинг Халанд. Исто така се реши да стартува без Бернандо Силва, но со Махрез.

Кај Борусија Дортмунд без изненадувања во составот. Мукоко е во нападот, а го нема повредениот Ројз. Во одбраната Шлотербек, Зиле, Хумелс и Гереиро.

И кај Реал Мадрид изненадувачки е изоставувањето на Алаба, Менди и Карвахал, а поради повреди ги нема и Модриќ и Бензема.

Се вчитува...