Лудилото продолжува: Лестер бара 100 милиони евра за Марез

Лестер нема намера лесно да се откаже од услугите на Ријад Марез, па „лисиците“ бараат огромни 100 милиони евра од Манчестер сити доколку лидерот на премиерлигашката табела сака да се засили со алжирскиот репрезентативец во овој преоден рок. Марез поднесе барање за трансфер, а Сити испрати понуда од 65 милиони евра што се очекуваше да биде прифатена, но раководството на Лестер дефинитивно има поинакво гледиште за пазарот од Пеп Гвардиола и директорите на Сити.

Цената за Марез е 100 милиони евра. Тој е малку послаб играч од Кутињо, но сигурно е подобар од Ван Дајк, со самото тоа мора да биде и поскап“ – го пренесува британскиот весник „Телеграф“ ставот на „лисиците“ на оваа тема.

Останува да се види одговорот на Сити, иако е тешко да се поверува дека Гвардиола ќе потроши толку пари на играч шт најверојатно нема да му биде ниту стартер во тимот откако Сане ќе се рехабилитира од својата повреда.

Се вчитува...