Лука Станковски сезоната ќе ја заврши на позајмица во словенечка Горица

Македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски сезоната ќе ја заврши на позајмица во словенечка Горица.

Откако, поради страотниот земјотрес, турски Газиантеп се одлучи да се откаже од натпреварувањето во Суперлигата на Турција, Станковски се договори во пролетниот дел од шампионатот да игра за Горица.

Станковски за среќа беше во Скопје за време на земјотресите во источна Турција поради неколкуте слободни денови од клубот, па ја избегна огромната природна катастрофата во Газиантеп.

Станковски минатата година од Работнички се пресели во Газиантеп за 600.000 евра. Сега, сигурно ќе има поголема минутажа во Горица кој е четирикратен словенечки шампион, но сезонава ја очекува тешка битка за опстанокот.

Се вчитува...