Лукас Хернандез избегна затвор

Играчот на Баерн, Лукас Хернандез избегна казна затвор поради кршење на мерка за доближување. Сепак, тој не мина неказнето, односно доби условна казна од судот во Мадрид.

Условот е сторителот во период од следните четири години да не стори ново кривично дело. Исто така фудбалерот ќе треба да плати глоба од околу 96 илјади евра.

Доколку Хернандез не ги почитува овие одлуки, тогаш судиите може да ја изречат казната веднаш.

На Хернандез му се закануваше минимум шестмесечен затвор, и тоа веројатно ќе значеше потрес во кариерата. И Баерн Минхен со нетрпение ја очекуваше одлуката со оглед дека иднината во таборот на Баварците зависеше токму од оваа казна.

Се вчитува...