Љупчо Марковски: Многу важна победа, Скопје има тим за многу повеќе од последното место!

Љупчо Марковски на извонреден начин го води Скопје во пролетниот дел од сезоната. Тимот од Автокоманда и во Кратово покажа дека никој ниту смее ниту може предвреме да го отпишува од трката за опстанок.

Скопје стигна до победата од 0-1 против Силекс на тежок за игра терен, тактичко одлично одигрувајќи и по водството мудро зачувувајќи ја предноста…

„Честитки на двете екипи, кои го дадоа својот максимум, познавајќи го природниот фактор кој влијаеше теренот да биде во катастрофална состојба, потопен со вода, уште од старт беше јасно, кој ќе постигне прв гол ќе го добие натпреварот. Ние ги искористивме нашите прилики со борба на секој дел од теренот, три бода кои многу значат во нашата борба за опстанок, бидејќи знаеме дека сме во заостаток од бодови од првата полусезона“ – ни изјави Марковски веднаш по мечот.

Следен натпревар за Скопје е Вардар… Без разлика на актуелната ситуација во редовите на шампионот, сепак голем предизвик…

„Во Кратово стигнавме до четврти натпревар без пораз, од кои три натпревари на гостински терен. Овој тим може многу повеќе, се гледа дека нашите играчи имаат капацитет. Вардар е секогаш фаворит во Скопје, но нашите играчи немаат лимит. Од натпревар во натпревар покажуваме се повеќе и повеќе. Едноставно тука нема застанување“ – вели стратегот на Скопје.

Се вчитува...