Лузер на годината – Емилијано Мартинез

Аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез дефинитивно е лузер на годината бар кога станува збор за премин во нова средината.

Мартинез на крајот на минатата сезона се збогуваше со фановите на Астон Вила надевајќи се дека ова лето ќе биде тоа во кое ќе оствари трансфер во еден од најголемите фудбалски клубови – Манчестер Јунајтед, но преговорите не завршија со позитивен исход.

Во последните денови Аргентинецот повторно беше на мета на клубот од „Олд Трафорд“ па затоа и одби да настапи на последниот натпревар пред репрезентативната пауза против Кристал Палас, но во меѓувреме Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Сен Ламенс од Антверпен и повторно го извиси искусниот 32-годишник.

За Мартинез кој веќе е на пат за Аргентина за репрезентативните средби повеќе нема место во Астон Вила па единствена шанса за спас на сезоната гледа во трансфер во Галатасарај.

Се вчитува...