Мајк Тајсон, еден од најславните боксери и најмлад шампион во историјата на овој спорт, со децении чувал една страшна тајна. Познато е дека големиот шампион имал тешко детство и растел во беда и насилства. Татко му го напуштил семјството уште додека тој бил дете, мајка му починала кога имал 16 години, а набрзо потоа и пичинала и неговата сестра.
Но, покрај сите овие тешки моменти, Мајк Тајсон во детството се соочил и со сексуално насилство. Американскиот боксер тоа го открива прв пат во интервјуто за ЕСПН.
„Бев дете. Тој беше постар од мене. Ме тепаше и сексуално ме злоставуваше. После тоа никогаш повеќе не го видов тој човек. Но, знам дека дека тоа не значи дека си помалку маж. Никогаш никому не сум му кажал за ова“- откри Мајк Тајсон.
Боксерскиот шампион во интервјуто додава дека одамна го пребродил овој стравичен настан од детството и настојувал тој да не влијае на неговиот подоцнежен живот.
„Не ми е непријатно сега кога зборувам за тој настан, тоа е само нешто што се случило. Немаше големо влијание на мојот живот. Мислам дека сето тоа го пребродив во текот на боксерските денови. Се разбира дека го носев бесот во себе дека никој никогаш повеќе нема да ме допре“ – изјави Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА