Мајстор си е мајстор: Ѓоковиќ победува и во тенис со тавчиња (ВИДЕО)

Карантинот и самоизолацијата се обврзни за сите во време на светска пандемија на коронавирусот. Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не мирува и на домашен терен. Почитувајќи ги правилата за седење дома, српскиот ас игра тенис и во затворено. Тој ги добива мечевите и кога тенисот се игра во тавчиња наместо со рекети.

„Натпреварувањето никогаш не запира“ – порача Ѓоковиќ на осицијалните мрежи.

Поради коронавирусот тенисот е компетно запрен најмалку до почетокот од јуни, но со оглед на проблематичната ситуација на светско ниво извесно е дека прекинот ќе биде подолг, најавено е и откажување на Вимблдон кој е предвиден за крајот на јуни и почетокот на јули.

 

 

View this post on Instagram

 

Competition never stops ??? #tennisathome?? Такмичење није престало ?

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Се вчитува...