Мајсторија на Барди, Леванте е во четвртфиналето на Копа дел Реј (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше неверојатно враќање во стартната постава на Леванте во триумфот на гостувањето кај Валјадолид од 2-4 во осминафиналето во Копа дел Реј. Нашиот интернационалец со неверојатен гол од слободен удар во стилот на Роналдињо го израмни резултатот на 1-1 во 23. минута, по водството на домаќините во 13. со голот на Тони. До крајот на првите 45. минути Малса донсе водство од 1-2.

На 1-3 зголеми Коке во 59. по што Вајсман во 65. намали на 2-3 и донесе нова надеж на домаќините, која ја згасна Моралес со гол од пенал во 80. Барди по враќањето во првиот тим по повредата одигра 55. минути.

 

Се вчитува...