Македонија го игра најдобриот натпревар во нејзината историја. По 45. минути има сензационално водство од 0-1 над четирикратниот светски шампион Германија. Феноменална акција претходеше пред лесната завршница на капитенот Горан Пандев со која „рисовите“ дојдоа до водство против една од најдобрите репрезентации во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА