Македонија домаќин на квалификацискиот турнир за женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027

Ракометната федерација на Македонија информираше дека доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје.

Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина.

Првите две селекции од групата ќе обезбедат пласман на Европското првенство, а дополнително ќе се пласира и најдоброрангираната третопласирана репрезентација од сите квалификациски групи.

Се вчитува...